Путин со нови нареди до ФСБ да се бори против „ѓубрињата“ во Русија

Сподели со своите пријатели

„Неопходно е да се спротивставиме на екстремизмот. Бројот на ваквите кривични дела е зголемен и во последната година. И, се разбира, неопходно е да се идентификуваат и потиснат незаконските активности на оние кои се обидуваат да го поделат, ослабат нашето општество, да ги користат сепаратизмот, национализмот, неонацизмот и ксенофобијата како оружје“, рекол рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на одборот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), а пренесе рускиот истражувачки портал Agentsvo.

Loading...

Сега, додал тој, „најактивните обиди за интензивирање на целиот овој ѓубриња се во Русија“.

Рускиот претседател рече дека зајакнувањето на терористичката закана во Русија е поврзано со акциите на Киев, но и на Западот, кој „ги оживува ќелиите на екстремистите и терористите, неговите стари пријатели“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

Според Агентсво, Путин наредил ФСБ конкретно да ја следи работата на компаниите во одбранбената индустрија, местата на масовно собирање луѓе, да ги зајакне контраразузнавачките активности, како и да ја држи руско-украинската граница под посебна контрола, вклучително и зајакнување на системот за премин на бегалци.

Од март минатата година, посочува порталот, Путин редовно зборува за „национални предавници“ на кои Западот ќе се „обложи“.