Продажен објект во Куманово ноќва бил ограбен, откако засега непознат крадец, влегол со употреба на сила.
Loading...
– На 27.02.2023 во 05.14 часот во СВР Куманово било пријавено дека во продажен објект на улицата „Теофан Економов“ било влезено со употреба на сила и биле одземени пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски
ПРОЧИТАЈТЕ И: Ѓорѓиевска: Апелирам на колективна свест, не палете ѓубре во летните горештини (ВИДЕО)