Во училиште во Флорида дошло до насилство кога ученик физички нападнал наставничка откако на час му ја одзела видео играта Нинтендо.
На вознемирувачкото видео се гледа 17-годишникот како трча кон наставничката која се врти кон него пред тој насилно да ја собори на подот.
Ученикот, за кој Њујорк пост пишува дека тежи 113 килограми, потоа постојано ја гази онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст и ја удира 15 пати.
Уште неколку вработени, кои биле сведоци на овој брутален напад, истрчале да го одвојат ученикот од наставничката, која била пренесен во локалната болница.
Се очекува таа да се опорави од повредите.
A #Florida teacher’s aide was attacked by a 17-year-old student after confiscating the his Nintendo Switch. The student has been taken into custody, while the teacher is currently recovering from the bodily harm inflicted during the attack
🎥: Flagler County Sheriff’s Office pic.twitter.com/GD7oxgIZGK
— Zoom News (@zoomnewskrd) February 25, 2023
Друго видео објавено од канцеларијата на шерифот на округот Флаглер покажува дека полицијата го апси напаѓачот.
„Ученикот тврди дека жртвата го изнервирала кога го земала неговото Нинтендо за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.
Во извештајот за апсење се вели дека полицајците ја нашле наставничката облеана во крв и онесвестена на местото на настанот.
Разбеснетиот ученик кој живее во колективно сместување ѝ викал на полицијата дека ќе ја „убие“ кога ќе се врати на училиште.
Во текот на рочиштето тој повеќепати ја прашувал полицијата кога ќе биде пуштен на слобода, а станал и насилен во станицата кога не добил позитивен одговор.
„Постапките на овој студент се апсолутно ужасни и неприфатливи“, рече шерифот на округот Волузија, Рик Стејли.
„Се надеваме дека жртвата брзо ќе закрепне од овој инцидент, и физички и психички“, заклучи тој.
Ученикот е предаден на одделението за малолетничка деликвенција.