Димитриевски: Општина Куманово работи на еден од најубавите паркови во државата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе добие еден од најубавите паркови во државата, вели градоначалникот Максим Димитриевски давајќи отчет до каде е реконструкцијата на стариот градски парк.

Loading...

Досега, како што информираше Димитриевски на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово, реконструирани се сите патеки во паркот, а дополнително е изграден паркинг плац и игралиште за баскет.

– Веќе изготвивме идејно решение и проект за паркот. Тој треба да биде смарт парк, урбаната опрема е обезбедена од фирмата изведувач со смарт клупи, дополнителни клупи, кошници за смет итн. Мислам дека се оставени во ЈП „Чистота и зеленило“, свесно не се наместени додека целиот проект не се завшри во целост, бидејќи ќе бидат уништени и оштетени, појаснува градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖОЛТ МЕТЕО АЛАРМ: 12 литри дожд изминатото деноноќие во Куманово

 

 

Паркот треба да добие нови пешачки патеки со тартан подлога, велосипедски патеки, катчиња со дел за рекреација на деца, но и спортски центар.

– На една од следните седници ќе имаме и носење на одлука за прераспределување на средствата кои беа пренесени како вишок од 2020 година, а не се опфатени од овој буџет, мислам дека ќе има доволно средства и потоа Куманово да добие еден од најдобрите паркови во државата, додава првиот човек на градот.

Loading...

Во меѓувреме се набавуваат нови садници кои ќе бидат жива ограда во паркот, а ќе бидат изградени и тротоари кои минуваат покрај самиот парк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски и Минчев на средба со граѓаните на Крива Паланка (ФОТО)

Реконструкцијата на паркот чини девет милиони денари, средства кои Општина Куманови ја следуваат по основ на рамномерен регионален развој.

Никола Ивановски