Познато е дека бебињата во нордиските земји спијат на воздух веќе сто години, односно откако епидемијата на туберкулоза го погоди Исланд на почетокот на 20 век, но тоа е глетка која и денес шокира многу туристи.
Австралиецот Оли Бауман се снимил како поминува по улица покрај десетина колички во кои спијат бебиња и покрај ниските температури.
За тоа време нивните родители се релаксираат во кафулињата.
„Уште еден ден во Норвешка, друга група бебиња оставени надвор на студ. Погледнете колку ги има“, вели Оли во видеото, објаснувајќи зошто родителите во Норвешка ја следат оваа практика.
„Тоа им помага да дишат и ги прави понезависни. Ова е причината зошто Норвежаните ги напуштаат домовите на своите родители порано од младите во која било друга земја“, истакна тој.
Видеото шокираше многу гледачи, особено Американците.
„Зарем никој не киднапира деца таму? Би бил вознемирен“, „Ова никогаш нема да ми биде јасно“, „Би сакал да живеам овде, изгледа сосема безбедно“, се дел од коментарите.
@mrmelk_ True story #viking #ting ♬ original sound – Olly Bowman
Традицијата се пренесува од колено на колено
Во 1926 година, исландскиот лекар Дејвид Торштајнсон објавил педагошка книга во која тврди дека родителите треба да ги остават своите деца да спијат надвор во количките за да добијат свеж воздух, дури и на ладно време, и на тој начин да го зајакнат нивниот имунолошки систем.
Традицијата се пренесува од колено на колено, а вообичаено е да се видат колички со заспани бебиња паркирани пред куќи, станови, па дури и пред работни места во Норвешка, Данска и Исланд.
Финска студија од 2008 година покажа дека децата „дремат подолго на отворено во споредба со дремење внатре“.
Сепак, постои ризик од хипотермија на ладно време, па затоа е клучно топло да се облекуваат бебињата.
„Температурата на бебињата може да падне четири пати побрзо од возрасните и тие можат да станат хипотермични“, рече др. Џенифер Шу, педијатар од Атланта, како што пренесува Daily Mail.