УХМР најавува ветер, дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи релативно топло време.

Loading...

Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.

Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманво: Драстична и нагла промена на времето!

Никола Ивановски