Руски државјанин кој со години работи во Полска е обвинет за шпионски активности од 2015 година до април минатата година, соопштија денеска полските власти.
Наведено е дека мажот бил уапсен во април, поради собирање информации за состојбата на полските вооружени сили и единиците на НАТО, кои ги предал на руската разузнавачка служба.
Обвинението е поднесено до судот во Гдањск, пренесува Ројтерс.
Шпионските активности на осомничениот биле фокусирани на воени единици во североисточна Полска, соопшти обвинителството.
Наведено е дека човекот е обвинет и за корупција и дека му се заканува казна затвор од 10 години.
Овој случај е една од неколкуте постапки поврзани со разузнавачките служби на Русија и Белорусија, соопшти обвинителството.