Нова силна зимска бура ги погоди САД: Температури до -45

Сподели со своите пријатели

Поради зимската бура која зафати одредени области на САД, во некои делови од земјата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, објави Би-би-си.

Loading...

Како резултат на снежните виулици во средата затворени се бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови.

Се предвидува дека налетите на ветерот би можеле да достигнат брзина од 80 километри на час и дека во некои делови на САД, зафатени од екстремно студен фронт, температурите би можеле да паднат до минус 45 степени целзиусови.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе им помогне на возачите заглавени во снежната бура, бидејќи синоптичарите прогнозираат до еден метар снег за некои делови од северните држави, што би можело да биде најобилните снежни врнежи во последните 30 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата потврди дека постојат досиеја за скандали во Ватикан

Интересно е што во исто време одредени делови од источниот дел на САД ќе забележат екстремно високи температури, па температурите во Орландо, Флорида би можеле да достигнат до 32 целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени.