На странските медиуми им биле одбиени акредитациите за обраќањето на Путин

Сподели со своите пријатели

Речиси на сите странски медиуми присутни во Русија им била одбиена акредитацијата за известување за вчерашното обраќање на претседателот Владимир Путин за состојбата на земјата во парламентот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Навистина, речиси сите странски медиуми присутни овде во Русија побараа акредитација, но ние одбивме да ги акредитираме“, рече Песков на новинарско прашање дали новинари од „непријателските земји“ се акредитирани за настанот, пренесува ТАСС.

Вчера, само неколку дена пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, Путин го одржа своето годишно обраќање за состојбата на нацијата, во кое изјави дека Русија се обидела мирно да го реши конфликтот во Донбас во источна Украина и го обвини Западот дека е виновен за војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Контактите Путин-Трамп ќе започнат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Песков претходно изјави дека странските новинари ќе можат да го гледаат ТВ преносот од обраќањето на претседателот.