Путин го отповика указот со кој се поддржува суверенитетот на Молдавија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин го укина декретот од 2012 година со кој делумно се поддржуваше суверенитетот на Молдавија при одлучувањето за иднината на Придњестровје, сепаратистички регион што граничи со Украина, каде што Русија има стационирани војници.

Loading...

Указот, кој беше укинат вчера, е олицетворение на руската надворешна политика пред 11 години, што подразбираше поблиски односи меѓу Москва и Европската унија и САД, пренесува Ројтерс.

Наредбата за откажување на документот од 2012 година беше објавена на веб-страницата на Кремљ, во која се наведува дека одлуката е донесена со цел да се „обезбедат националните интереси на Русија во врска со длабоките промени што се случуваат во меѓународните односи“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: 2025 година ќе биде клучна година за Русија. Путин постави ултиматум

Молдавскиот претседател на заедничката контролна комисија во безбедносната зона околу Придњестровје, Александру Фленцеа, рече дека откажувањето не значи дека Путин го напушта поимот молдавски суверенитет.

„Уредбата е политички документ кој го спроведува концептот на надворешната политика на Русија. Молдавија и Русија имаат основен политички договор кој предвидува взаемно почитување на територијалниот интегритет на нашите земји“, изјави Фленчеа за Публика-ТВ.

Кремљ објави дека односите на Русија со Молдавија, чие раководство вети дека ќе продолжи со напорите за пристапување во ЕУ, се многу затегнати и ја обвинија земјата дека води антируска политика.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека „внимателно ќе го проучи“ документот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индиската муниција заврши кај Украинците. Русите се бесни

Сместена помеѓу Романија и Украина, Молдавија, една од најсиромашните земји во Европа, од 2020 година ја води претседателката Маја Санду со силна поддршка од САД и Европската унија, пренесува Ројтерс.

Loading...

Американскиот претседател Џозеф Бајден се сретна со неа вчера во Полска и ја потврди својата континуирана поддршка.

Со декрет од 2012 година, Русија се обврза да изнајде начини за решавање на сепаратистичкото прашање „врз основа на почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и неутралниот статус на Република Молдавија при определувањето на специјалниот статус на Придњестровје“.

Регионот прогласи независност во 1990 година, една година пред распадот на Советскиот Сојуз, од страв дека Молдавија ќе се обедини со Романија, чиј јазик и култура во голема мера го дели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бланар: Членството на Украина во НАТО ќе создаде дополнителни конфликти

По кратката војна на Молдавија со сепаратистите во 1992 година, немаше насилство во изминатите 30 години, а руските „мировници“ сè уште се распоредени на малата територија, која нема меѓународно признавање, наведува Ројтерс.