Највисокиот кинески дипломат пристигна во Москва, а утре ќе се сретне со Лавров

Сподели со своите пријатели

Првиот кинески дипломат Ванг Ји денеска пристигна во посета на Москва, пренесува Тасс повикувајќи се на неименуван извор близок до организаторите на посетата.

Loading...

Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во среда во Москва ќе се сретне со Ванг, директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија (ККП) и член на Политбирото на ККП.

„Сергеј Лавров и Ванг Ји ќе се сретнат утре“, изјавија од руското министерство за РИА Новости, без да наведат детали.

Московскиот весник Комерсант претходно објави дека Ванг допатувал во Москва за да разговара за можниот мировен план за Украина.