Почина Спиро Зафировски – претседателот на ОО на Сојуз на борци од Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово, на 90 – годишна возраст, вчера почина Спиро Зафировски – Фртунац, претседател на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОБ Куманово.

 

Loading...

spiro zafirovski

 

Зафировски е роден во 1925 во Куманово, кога во пролет 1944 се приклучува на НОБ како дел од 17 – та кумановска партизанска бригада како извидничар во Службата за известување.

 

spiro zafirovski

 

Ноќта спроти 11 ноември 1944 година, како поставен извидничар, Зафировски добил задача да го набљудува движењето на окупаторските германски сили во Куманово, при што доцна во ноќта, откако увидел дека Германците се повлекуваат кон Скопје, Зафировски ја доставил информацијата до партизаните кога и следното утро започнува ослободувањето на градот.

По завршувањето на Втората Светска војна, Зафировски продолжил да работи во ЈНА и Територијална одбрана на општина Куманово како началник на штаб од каде и стапува во пензија.

 

Loading...

spiro zafirovski

 

Спирко Зафировски во неколку наврати беше претстедател на Општински одбор на Сојуз на борци Куманово. Тој е татко на три деца, дедо на пет внуци и шест паравнуци.

 

spiro zafirovski

 

Минатата година, Зафировски наполни 90 години и беше еден од малкуте живи учесници во НОБ од Куманово.