Скоро 240 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Скоро 240 возачи викендов биле казнети на територијата на Куманово поради различни прекршоци.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 239 возачи, информираат денеска од кумановската полиција.

Најголем дел од казните, или вкупно 186, биле поради управување возило со брзина поголема од пропишаната.

39 санкции биле за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  14-годишно девојче од Куманово пријавено за исчезнато

Сообраќајните контроли, потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски