Блинкен во Анкара, најавена средба со Ердоган

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен в понеделник во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако ќе го посети епицентарот на земјотресот и ќе најави дополнителна помош.

Loading...

Ова е прва посета на американскиот државен секретар на Турција откако тој ја презеде функцијата пред две години.

Конфликтот во Украина ќе биде на дневен ред.

SAD ја препознаваат конструктивната улога на својот турски сојузник: од почетокот на конфликтот на 24 февруари 2022 година, Анкара, која одржува добри односи и со Киев и со Москва, го понуди своето посредување.

САД и Турција, сојузници во НАТО, често имаат затегнати односи, а нивните несогласувања треба да бидат тема на разговор.

Приоритетното несогласување што ќе се најде на дневен ред е блокадата на Турција на Шведска и приемот на Финска во НАТО. Нивните кандидатури се чекаат од мај минатата година.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот за време на посетата на Турција изјави дека „сега е моментот“ да се прифатат двете северноевропски земји во Алијансата.

Друга геополитичка тема е потенцијалната продажба на ловци-бомбардери Ф-16 на Турција, која е блокирана од Конгресот во Вашингтон бидејќи е загрижен за состојбата со човековите права во Турција, како и за заканите упатени кон Грција.

Loading...

Точка на спор е курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), која Турција ја смета за „терористичка“ и која беше една од главните сили во борбата против џихадистичката Исламска држава (ИД), со воздушна поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД.

Посетата на Eнтони Блинкен се одвива и во контекст на земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.

Четиринаесет дена по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги опустоши јужните делови на Турција и северна Сирија, штетите се големи, а жртвите многу високи: според последните податоци, повеќе од 44.000 луѓе ги загубиле животите.

265.000 турски спасувачи неуморно работат на терен, придружувани од речиси 11.500 спасувачи од странство. Но, Турција во неделата објави дека ќе стави крај на поголемиот дел од потрагата.

Во последните 24 часа не се пронајдени нови преживеани.

Блинкен најави дополнителна помош во недела.

САД ќе доделат уште 100 милиони долари помош за настраданите од разорниот земјотрес, покрај претходно одобрените 85 милиони долари, објави во неделата Стејт департментот.

Претседателот Џо Бајден планира да одобри 50 милиони долари за помош на бегалците и мигрантите и уште 50 милиони долари за загинатите во катастрофалниот земјотрес, се наведува.

Loading...

Оваа вест ја соопшти американскиот државен секретар Антони Блинкен во неделата во воздухопловната база Инџирлик каде се стационирани околу 1.500 американски војници.

По Турција, Блинкен ја завршува европската турнеја во Атина.