Пратениците на Европскиот парламент денеска усвоија нов закон со кој се забранува продажба на бензин и дизел автомобили во Европската унија од 2035 година, со цел да се забрза транзицијата кон електрични возила и борбата против климатските промени.
Законот предвидува дека производителите на автомобили ќе треба да постигнат 100 отсто намалување на емисиите на CO2 од новите продадени автомобили почнувајќи од 2035 година, што практично ќе ја оневозможи продажбата на нови возила од фосилни горива во ЕУ, пренесува АП.
„Работните трошоци на електричното возило се веќе пониски од оперативните трошоци на возилата кои се напојуваат со мотори со внатрешно согорување“, рече Јан Хуитема, еден од предлагачите на новиот закон во ЕП.