Уапсена жена во Израел: Прошетала во костим за капење пред Ѕидот на плачот

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Израел уапсила 35-годишна жена која во неделата прошетала во костим за капење пред Ѕидот на плачот во Ерусалим, објавија израелските медиуми.

Loading...

Пред Ѕидот на плачот, таа се соблекла во зелен дводелен костим за капење во знак на протест против предлог-законот за казнување на секој што ќе се појави пред Ѕидот на плачот во „нескромна облека“ со шестмесечна затворска казна. пренесува Ynet News.

Со тоа таа се обиде да поттикне повеќе жени да протестираат.

„Локалните полицајци ги привеле жените поради непристојно изложување на јавен простор“, соопштија од полицијата.

Рабинот Шмуел Рабинович рече дека е шокиран и ужаснат од провокацијата која „ја нарушува светоста на местото“.

„Оваа локација е света за сите Евреи и е забранета за какви било контроверзии и провокации“, рече тој.

Предлогот за закон со кој ќе се воведе остра казна предизвика бурни реакции во јавноста, поради што премиерот Бенјамин Нетанјаху беше принуден засега да се откаже од законот.