Американското Министерство за трговија додаде шест кинески компании на својата црна трговска листа, откако кинескиот балон за надзор беше откриен и соборен над САД минатата недела.
Loading...
Шест компании беа додадени на списокот за нивната поддршка на воздушните програми на Кинеската Народноослободителна армија (PLA), вклучувајќи балони и сродни компоненти, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.
Пентагон во саботата собори кинески балон осомничен за шпионажа, кој преминал голем дел од континенталните САД.