УНХЦР: Над 5 милиони Сиријци без покрив над главата по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Повеќе од пет милиони луѓе во Сирија можеби останале без покрив над главата по земјотресот што во понеделникот ја погоди земјата и соседна Турција, соопшти во петокот Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци.

Loading...

УНХЦР е фокусиран на обезбедување засолништа и средства за помош, така што колективните центри за раселените имаат соодветна опрема, шатори, столчиња, топли ќебиња, душеци за спиење, зимска облека и други работи, рече Сиванка Данапала, претставник на УНХЦР во Сирија.

„За Сирија, ова е криза во криза, додаде Данапала. Имавме економски шокови, Ковид и сега сме среде зима, а борбите беснеат во погодените области“, истакна таа.

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци објави дека Сирија веќе има 6,8 милиони внатрешно раселени лица од почетокот на граѓанската војна што ја зафати земјата во 2011 година.

Сето ова, се разбира, влијае на пристапот до помош, рече Данапала.

„Патиштата се оштетени и тоа не попречува во обидот да дојдеме до луѓето. Беше многу, многу тешко“, додаде таа.

Врз основа на прелиминарната проценка, организацијата за бегалци соопшти дека 5,37 милиони луѓе погодени од земјотресот ќе бараат помош во засолништа низ Сирија.

„Тоа е огромен број, особено за населението веќе погодено од масовно раселување“, истакна Данапала.

Loading...