Кумановската Гимназија сама ќе произведува струја (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово постави фотоволтаици на гимназијата „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните. Ова е трет објект на училиштата каде се поставени фотоволтаици.

– Поставени се соларни панели за сопствено производство на електрична енергија во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово. Целосно беше реконструиран кровот на училишниот објект и спортската сала. Целосно беше заменета фасадата со нова енергетско ефикасна фасада. Целосно беа заменети прозорците со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Општината претходно постави фотоволтаици и на средните стручни училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“. Фотоволатици ќе бидат поставени и на објектот на средното „Перо Наков“ каде наставата се изведува и на албански наставен јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 години бил вработен во АХВ Куманово, а не доаѓал на работа. Кривични за пет лица

Зголемените цени на енергенсите го зголемија интересот за поставување фотоволтаици и кај домаќинствата и кај приватниот сектор.И локалниот економско-социјален совет одржа неколку средби со бизнис заедницата за придобивките од поставувањето на фотоволтаици како и со граѓани и општински установи и институции.

МИА

Loading...