Стравични сателитски снимки: Тлото во Турција поместено за 4 метри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека во Турција и Сирија незапирливо расте бројот на загинати по страшните земјотреси, а повременото спасување на преживеаните не ја гаси надежта на исцрпените спасувачки тимови, започнаа и првите научни анализи на овие разорни земјотреси.

Loading...

Германскиот научник Андреас Шафер од Технолошкиот институт во Карлсруе објави споени сателитски снимки од областа погодена од земјотресот во близина на градот Нурдаги.

 

 

Според него, на нив се забележува хоризонтално поместување од 3 до 4 метри.

Сликите се комбинација од фотографии на Maxar и слики на Google Earth.

 

Loading...

 

Во други видеа се гледа и уривање на силоси и оштетување на автопатот поради движење на земјата по земјотресот.