Викенд прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето низ Македонија беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност, претежно тивко и многу студено.

Сончево со мала локална облачност ќе биде времето во текот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу девет степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до четвртиот степен.

 

 

И утре во кумановско ќе имаме сончево и ведро време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турски државјанин приведен на Табановце, бил баран од Интерпол

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -3 степени, а максималната дневна до четвртиот степен.

 

 

Недела носи облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен, односно северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу четири степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до третиот степен.

 

 

Од следната работна недела следува позначителен раст на температурите.

Никола Ивановски