Индонезија: Најмалку четири лица загинаа во земјотресот

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири лица загинаа, а неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди најисточниот регион на Индонезија Папуа, соопшти агенцијата за катастрофи на земјата.

Loading...

Четирите жртви биле во кафулето кога земјотресот предизвикал уривање на зградата, соопшти агенцијата, истакнувајќи дека потресот бил силно почувствуван две до три секунди и предизвикал паника кај жителите.

Снимките на социјалните мрежи го покажуваат брегот на пристаништето каде зграда се урна во морето и малку ги оштети трговскиот центар и болницата во градот, објави Ројтерс.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска регистрираше земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала во Папуа.

Епицентарот на земјотресот бил на еден километар од Џајапур, главниот град на провинцијата Папуа, на длабочина од 10 километри, соопшти Индонезиската геофизичка агенција.