Спасувачкиот тим на невладината организација Бели шлемови објави видео на кое се гледа како спасувачите го извлекуваат девојчето од урнатините на куќата по 40 часа.
За чудо, детето не е тешко повредено иако речиси два дена било заробено во ѕидовите на урнатата куќа.
Ова видео е снимено во градот Салкин, во провинцијата Идлиб.
Во Сирија бројот на жртви достигна 2.470, пренесува АФП.
Спасувачкиот тим на невладината организација Бели шлемови соопшти дека повеќе од 2.600 луѓе се повредени во делот на Сирија, кој не е контролиран од владата.
Ројтерс јавува дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства сѐ уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.
Once again, another miracle….. a child rescued after more than 40 hours of being trapped under the rubble of her house in the city of #Salqin in the countryside of #Idlib, #Syria yesterday, February 7.#SyriaEarthquake #earthquake pic.twitter.com/R7kRsNZFEG
— The White Helmets (@SyriaCivilDef) February 8, 2023