Драмата продолжува во Турција: Цела одбојкарска екипа е под урнатините

Сподели со своите пријатели

Турција продолжува да се бори со страшните последици од земјотресот. Многу луѓе загинаа, а информации за повредени пристигнуваат од час во час.

Loading...

Според последните вести, загинале околу 4.800 луѓе, а многу од нив се трага под урнатините. Беше организирана и голема потрага по цел одбојкарски тим.

Службите трагаат по 14 одбојкарки на Хатаја кои престојувале во зградата која се урна.

„Срцата ни се скршени. Се надеваме дека нашите членови кои беа под урнатините ќе бидат спасени што е можно поскоро. Изразувам сочувство до семејствата на сите наши граѓани кои ги загубија животите“, рече претседателот на клубот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Познат фудбалер е спасен во земјотресот

Фудбалерот на Гана, Кристијан Ацу (31) е меѓу исчезнатите по уривањето на станбена зграда во Хатај.

За среќа бил пронајден жив и пренесен во болница каде се опоравува.

Ацу беше купен од Челзи од португалски Рио Аве во 2013 година, но поголемиот дел од времето го помина на позајмица во Њукасл Јунајтед и Евертон. Играше и за Бурнмаут и Малага, а во Турција е од септември минатата година.

За репрезентацијата на Гана забележа 65 настапи и постигна девет гола. Последниот настап за националниот тим го имаше пред три години.

Loading...