Нетанјаху: Пристигна сириското барање за помош, наредив да испратиме

Сподели со своите пријатели

Израел денеска објави дека го добил барањето на Сирија за помош по разорниот земјотрес што рано утринава ги погоди Сирија и Турција и дека е подготвен да испрати помош во таа земја, што би претставувало многу ретка соработка меѓу непријателските соседи, наведува Ројтерс.

Loading...

Сепак, провладиниот сириски весник „Ал Ватан“ наведува, повикувајќи се на неименуван извор, дека Дамаск не упатил такво барање до Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека наредил помошта да се пренесе со хеликоптер во Турција.

– Бидејќи беше добиено барање да се направи ова за многу жртви од земјотресот во Сирија, наредив да се направи така – рече Нетанјаху.

На прашањето на Ројтерс кој го поднел барањето за помош за Сирија, неименуван израелски функционер одговорил само „Сиријци“, а на прашањето дали се однесува на членовите на опозицијата или на владата на претседателот Башар ал Асад, службеникот накратко рекол „Сирија“.

Израелската телевизија Кан ги објави зборовите на неименуван извор дека Русија му го пренела барањето на Израел да и помогне на Сирија, а руската амбасада во Израел одби да коментира.

Израел и Сирија се во војна со децении, со кратки периоди на прекин на огнот, а Израел своевремено им помагаше на сириските бунтовници.