Болниците во Сирија преполни со повредени по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Болниците во Сирија се полни со повредени во земјотресот што рано утринава ја погоди Турција, а кој се почувствува и во Сирија, соопшти Сириско-американското медицинско друштво (САМС).

Loading...

„Постои итна потреба од средства за траума и сеопфатен итен одговор“, се вели во соопштението на хуманитарната организација, пренесува турскиот CNN.

Се вели дека многу болници се полни, а некои објекти, вклучително и болницата Ал Дана, мораа да ги евакуираат пациентите откако претрпеа сериозни штети од земјотресот.

Исто така, породилиштето во Идлеб беше принудено да ги префрли сите новороденчиња во блиската болница.

Претседателот на САМС, Амјад Рас, рече дека организацијата прифаќа жртви.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени ја погоди Турција рано утринава, а беше почувствуван и во Сирија.

Десетици жртви од земјотресот на териториите под контрола на опозицијата

Спасувачите соопштија дека во земјотресот утринава во деловите на Сирија кои се под контрола на опозицијата загинале десетици луѓе, а стотици луѓе се повредени.

Членови на невладината организација „Бели шлемови“ потврдија дека во земјотресот се повредени неколку стотици луѓе, дека има десетици загинати и дека голем број останале на улица, без покрив над главата, во студеното зимско време, пренесува Ројтерс.

Loading...

Државните медиуми претходно објавија дека загинале 237 луѓе, бројка за која се верува дека важи само за областите контролирани од владата.

Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето што рано утринава ја погоди пограничната област меѓу Турција и Сирија во Турција се зголеми на 284, соопшти потпретседателот Фаут Октај.

Според него, повредени се 2.323 лица, објави претходно Ројтерс.