Врховниот верски водач на иран помилува илјадници уапсени демонстранти

Сподели со своите пријатели

Иранскиот врховен лидер помилува „десетици илјади“ затвореници, вклучително и многу поврзани со антивладините протести.

Loading...

Државните медиуми јавуваат дека ајатолахот Али Хамнеи ја донел одлуката под одредени услови.

Помилувањата беа објавени пред годишнината од Исламската револуција во 1979 година.

Во септември минатата година во земјата избија демонстрации, откако една жена уапсена од иранската полиција за морал, почина во притвор.

Дваесет и двегодишната Махса Амини беше уапсена поради „неправилно“ носење хиџаб, односно шамија, што го прекршува иранскиот строг кодекс за облекување за жените.

Иранските власти ги опишуваат протестите, кои се уште траат, како „немири“ поттикнати од странство и на нив во неколку наврати одговориле со смртоносна сила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Групите за човекови права тврдат дека повеќе од 500 демонстранти се убиени, меѓу кои 70 малолетни, а околу 20.000 се уапсени.

Протестите низ земјата значително се намалија од почетокот на првото бесење.

Loading...

Иранските државни медиуми наведуваат дека ајатолахот Хамнеи ја донел одлуката за помилување откако во писмото од шефот на судството се вели дека меѓу уапсените има многу млади луѓе кои биле заведени од странско влијание и пропаганда.

Во писмото се наведува и дека голем број демонстранти се покајале и побарале прошка.

Но, оние кои се обвинети за посериозни кривични дела, како што се шпионирање за странски агенти, убиства или уништување владин имот, нема да бидат помилувани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Последните мерки нема да важат за оние со двојно државјанство кои моментално се во притвор.

Според член 110 од иранскиот Устав, врховниот лидер има право на помилување на предлог на судските органи.

Садек Рахими, заменик-министер за правда, објасни дека притворениците кои имаат право на амнестија мора да достават писмени изјави дека се покајале, а доколку не го сторат тоа нема да бидат ослободени.

Новинската агенција Мизан блиска до судството го цитира Рахими дека „за прв пат во историјата“ ќе бидат помилувани и притворените кои не добиле правосилна пресуда.

Иранска група за човекови права со седиште во Осло проценува дека најмалку 100 лица во притвор се соочуваат со смртна казна.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Тие наведуваат и дека „сите обвинети се лишени од правото на адвокат, правично и праведно судење“.

Четворица веќе се погубени за злосторства поврзани со протестите.

Во јануари, двајца мажи беа обесени за убиство на членови на иранските безбедносни сили.

Пред смртта поднеле жалба во која изјавиле дека биле подложени на тортура.