Израелската армија упадна во бегалски камп, неколкумина убиени

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убиле неколку вооружени борци за време на рација на бегалски камп во близина на Ерихон во потрага по милитантите на Хамас, соопшти израелската армија.

Loading...

Според соопштението, цел на рацијата во кампот биле осомничени за обид за напад врз израелската населба Веред Јерихо на 28 јануари.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека се ранети три лица, од кои едното е во критична состојба, не наведувајќи детали за билансот на загинатите.

Во соопштението, израелската армија додава дека целта на рацијата во кампот Акабат Џабр била апсење на членови на исламистичкото движење Хамас, кое владее со Појасот Газа.

Дневни операции

Според соопштението за печатот, милитантите се забарикадирале во куќа во која планирале нови напади откако нивниот планиран напад на крајот на јануари врз ресторан во Ведер Јерих не успеал.

Во ресторанот имало околу 30 луѓе кога упаднале двајца борци на Хамас, но оружјето не им функционирало и побегнале.

Тензиите не стивнуваат во Израел откако палестински напаѓач уби седум лица во близина на синагога во источен Ерусалим на 27 јануари, додека 10 Палестинци беа убиени во израелски напад на Западниот Брег.

САД и ОН ги повикуваат двете страни да ја смират ситуацијата за да се избегне понатамошна ескалација на насилството.

Loading...

Израел спроведува речиси секојдневни операции на Западниот Брег по серијата смртоносни напади на Палестинците во Израел минатата година, што пак доведе до крвав јануари за Палестинците во кој беа убиени 35 луѓе, милитанти и цивили.