КК Куманово утре на гости кај Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово во рамките на 14. коло од домашниот шампионат на гостински терен ќе ги одмерат силите со Кожув од Гевгелија.

Loading...

А е трет натпревар за избраниците на Игор Ѓорѓиевски од почетокот на оваа календарска година во која бележат една победа и еден пораз.

Со освежениот ростер и неколку странски засилувања, Куманово утре ќе атакува на победа против Кожув кој со две победи повеќе е една позиција пред сино-белите во табелата.

Кожув има пет победи од почетокот на сезоната и се наоѓа на смата позиција, додека со три победи кумановци се деветти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Kумановец затекнат додека палел сува трева. Полицијата го уапсила!

Утрешната средба започнува во 18 часот во салата „26ти Април“ во Гевгелија.

Никола Ивановски