Претрес во Куманово, пронајден кокаин, приведен дилер

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец вчеравечер бил приведен откако полицијата во неговиот дом пронашла кокаин и дигитални ваги.

Loading...

– На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово – единствена општина со бесплатен превоз за сите спортски клубови