Семејна куќа вчера била зафатена од пожар во Куманово при што е нанесена материјална штета.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот избувнал на дом лоциран на улицата „Доне Божинов“.
Огнените јазици изгореле три врати, фасада на објектот и клима уред.
Петмина пожарникари интервенирале во период од 12:10 до 12:45 часот.
Причината за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдува.
Во одвоен случај, тројца пожарникари интервенирале и на запелана сува трева во селото Речица во период од 16:40 до 19:45 часот.
Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на тешка сообраќајка несреќа во селото Доброшане.
Никола Ивановски

