Авион принудно слетал во Белград, починал патник

Сподели со своите пријатели

Патник на летот од Келн до Ниш починал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ по принудно слетување откако му се слошило за време на летот, потврдија во средата лекарите од итната помош за белградските медиуми.

Loading...

Пилотот пријавил итен случај и бил пуштен за итно слетување во вторникот вечерта во 22:24 часот.

„Реанимацијата веќе беше започната. Нашиот тим дојде, учествуваше во реанимацијата, но на крајот можеше само да констатира смрт“, рече др. Ивана Стефановиќ од Итна помош.