Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети со среден дострел

Сподели со своите пријатели

Франција и Италија денеска потпишаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

Loading...

На 30 декември двете земји испратија договор до француско-италијанскиот конзорциум „Еуросам“ за производство на околу 700 ракети Астер“, се наведува во соопштението што го пренесува агенцијата „Анадолу“.

Според договорот, Италија и Франција ќе ги добијат Aster 15, Aster 30B1 и најновата верзија на Aster 30 B1NT.

Од Министерството изјавија дека станува збор за една од најголемите нарачки, додавајќи дека ќе бидат потребни адаптации во целиот воено-индустриски сектор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Копијата на Граѓанскиот законик на Наполеон ќе се најде на аукција во Париз во март