Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Loading...

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,28 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,92 поени.

Од почетокот на месецот загуби околу 1,3 отсто. Тоа ќе биде четврти месец по ред како доларот слабее бидејќи се очекува забавување на темпото на зголемување на каматите на ФЕД.

Исто така, се очекува дека централната банка ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки на пониски нивоа од претходно проценетите.

Утринава курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 129,95 на 130,25 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0870 долари.

Еврото во однос на доларот зајакна за околу 1,3 отсто од почетокот на месецот.

Цените на нафтата, пак, се под притисок втор ден по ред, бидејќи се очекува дополнително зголемување на каматните стапки на централната банка.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,06 отсто, на 84,85 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,36 отсто, на 77,65 долари.