Претседавачот со ОБСЕ Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак

Сподели со своите пријатели

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи ,денес, 31 јануари 2023, престојува во Брисел, при што ќе има работни средби во ЕУ и НАТО со цел разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу ОБСЕ, ЕУ и НАТО, како и разговори за актуелните надворешно-политички прашања на Северна Македонија.

Loading...

Воедно, Османи, ќе се обрати пред Северно Атланскиот Совет на НАТО, каде ќе ја презентира Програмата за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ оваа година.

Во рамки на посетата, Претседавачот со ОБСЕ ќе има и одделни средби со Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, со заменикот на Генералниот Секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, и низа други средби со високи претставници на ЕУ и НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За шест часа 429 моторџии казнети низ Македонија

На средбите во ЕУ главен фокус ќе биде зајакнувањето на соработката на ОБСЕ со ЕУ за време на претседавањето на Северна Македонија, како и претставување на позициите на Северна Македонија за актуелните надворешно-политичките збиднувања. Во НАТО структурите и во разговорите со претставниците на Алијансата покрај презентацијата на Програмата за Претседавањето со ОБСЕ, Османи ќе информира и за досега остварените активности во ОБСЕ со посебен акцент на Украина.