СЗО го задржа максималното ниво на тревога за пандемијата на Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација одлучи да го одржи максималното ниво на тревога за пандемијата на Ковид-19, точно три години откако ја прогласи болеста за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење.

Loading...

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги следеше препораките на Комитетот за вонредни ситуации за Ковид-19, составен од експерти, кој се состана по 14-ти пат во петокот, се вели во соопштението.

Тедрос претходно изјави дека смета дека е прерано да се укине највисокото ниво на тревога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето