Неделна временска прогноза за Куманово: Ред врнежи, ред сонце

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност, инфомираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне пет степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емил Цветанов од Куманово нов претседател на Велосипедската федерација на Македонија

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од север, односно североисток кој на моменти ќе достигнува и брзина од околу 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу -3 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до шестиот степен.

Во среда ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -3 степени во утринските часови до максимални осум во текот на денот.

Во четврток ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу -2 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до седмиот степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово со убедлива победа ја заврши 2025 година

 

 

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе имаме во петок кога ќе дува умерен до засилен ветер од север, односно северозападен. На моменти ветерот ќе достигнува и брзина од 50 километри на час. Температурата ќе се движи од -4 степени во утринските часови до максимални четири во текот на денот.

Сабота носи облачно време со услови за дожд и снег. Ќе дува слаб до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен под нулата, додека максималнта дневна се очекува да достигне до четвртиот степен.

Недела носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од север, односно северозапад. Минималнта температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до петиот степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сонце и утрински температури под нула

 

 

Сончево време со значително пониски утрински температури ќе имаме во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски