Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска изјави дека нападот врз амбасадата на земјата во Иран е терористички чин и повика на брза истрага и казнување на сторителите, кои ги нарече терористи.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека во нападот е убиен шефот на обезбедувањето, додека две лица се ранети и додаде дека ќе ја евакуираат амбасадата во Техеран, пренесува Ројтерс.
„Напаѓачот го пробил безбедносниот контролен пункт и со пушка калашников го убил шефот на обезбедувањето“, соопшти Министерството, додавајќи дека Ројтерс.
Осомничениот е уапсен, а истрагата за мотивот за нападот е во тек, соопшти полицијата во Техеран.
Според полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, повикувајќи се на началникот на полицијата, осомничениот влегол во комплексот на амбасадата заедно со две деца.
Како можен мотив се наведуваат „лични проблеми“.