Ова се 10-те најобезбедувани места во светот

Сподели со своите пријатели

Во продолжението на овој текст ви пренесуваме за 10 места на планетата Земја кои се најбезбедни. Веруваме дека прво на што се сетивте е Областа 51, но освен неа постојат и други најобезбедувани места на светот.

Некои се и логични додека за некои не би поверувале дека толку ги чуваат.

  1. Бункер (трезор) на Сциентолошката црква

Сциеонтологијата е една од најомразените (воедно и најбогатите) религии на светот. Припадниците на оваа религија работат во услови на ропство, на што неодамна уште еднаш не потсети документарец на продукциската телевисизка куќа НВО: „Going Clear: Scientology and the Prison of Belief“.

За колку опасна секта се работи зборува и фактот што сциентологијата е забранета и во Германија. Нивниот подземен трезор се наоѓа во пештера во пустината на Ново Мексико и САД.

Таа конструкциски е зајакната да може да издржи и удар од хиудрогенска бомба, а во неа се наоѓаат титаниумски ковчези во кои на златни дискови се запишани учењата на сциентологијата. Ризницата е затворени со три врата од кои секоја е тешка по 2.267 килограми. Секако во пештерата можат да влезат само најистакнатите лица на сциентологијата, а цело време трезорот го обезбедуваат бројни и наоружани чувари.

  1. Пионен бункер

Овој нуклеарен бункер се наоѓа под градот Стокхолм во Шведска. Колку е важен овој бункер зборува фактот дека фајловите на Викиликс се чуваат во овие бункери и тоа на сервери во компјутерскито центар во подземниот бункер „Пионен“, кој припаѓа на провајдерот „Банхоф“ на шведскиот телеоператор.

Бункерот за време на студената војна служел како атомско складиште. Се наоѓа 30 метри под земја во пештера во гранитна карпа испод паркот Витаберг. Бункерот се протега на површина од 1.200 квадратни метри, а се состои од ходник и четири огромни простории, каде се сместени серверите.

Влезот во бункерот е заштите со врата од 40 сантиметри до кои се доаѓа со подземен тунел долг 30 метри. Може да издржи удар од атомска и хидрогенска бомба. Моторите на НАТО подморниците служат како резервни генератори.

  1. Ватикански архив

За архивот во Ватикан раскажани се многу теории и митови, но сепак до сега јавноста не е, а веројатно и нема да биде запознаена со неговата содржина. Швајцарската гарда го обезбедува 24 часа дневно, а се зборува дека во него има дури 80 километри полици преполни со документи кои датираат од осмиот век наваму.

Иако одредени струи во Црквата работат на тоа организацијата на стане поотворена, тие посилно и погрчевите со борат содржината на архивата никогаш да не биде претставена на јавноста. Иако со тоа веќе се анвлегува во теории на завери, некои тврдат дека во архивот се наоѓаат евангелија кои се контрадикторни на Библијата. Клучевите на архивот ги има само папата.

  1. Трезор за брза храна КФЦ

Трезотот на популарниот ланец за брза храна КФЦ во Кентаки, САД навистина е едно од најобезбедуваните места во светот. Во него се наоѓа тајниот рецепт за подготовка на пилешкото. Познато е дека на него се наоѓаат 11 билки и зачини.

Пред седум години ризницата била реновирана па по пет месеци рецептот се наоѓал на тајна локација. Сефот со рецепт е заштитен во армиран бетон со највисок квалитет, најдобри заштитни системи, 24 часа дневно го чуваат наоружани чувари.

  1. Трезор на „Antwerp World Diamond Center

За јавноста тоа е приватна компанија која се занимава со увоз и извоз на дијаманти, а меѓу другото позната е и по најнапредниот сеф за дијаманти во светот. Во него се наоѓаат 70% од сите светски залихи на дијаманти. Освен сите најнапредни системи за заштита, трезорот е опремен дури и со Доплеровиот радар кој може да детектира капка од дождот.

Сепак сите овие мерки за безбедност не биле доволни па во 2003 година за да спречат неколку Италијани кои провалиле во трезорот, ги исклучиле сите мерки на заштита и украле дијаманти во вредност од 100 милиони американски доалри, а потоа излегле од ризницата без да се активира ниту еден аларм. Водачот на кражбата Леонардо Нотарбартоло е уапсен како водач на групата крадци и осуден на 10 години затвор. На слобода е пуштен и порано, но дијамантите од трезорот никогаш не биле пронајдени.

  1. Трезор на семиња од билки на Свалбард

Глобалната ризница на семиња од билки се нарекува и ризница на судниот ден. Во неа се чуваат семкиња од билките од целиот свет кои се заштитени од сите можни катастрофи. Баш за случаите на катастрофи кои во прашање би ја довеле билната рамнотежа на планетата. Каменот темелец на трезорот е поставен во 2006 година, а се наоѓа дури 120 метри во планината на половина пат измеѓу копнена Норвешка и Северниот пол.

Во трезорот има 865 илјади примероци семиња, а со оглед дека се работи за една од најважните градби за иднината на човековата врста, нејзината заштита е на највисоко можно ниво. Семињата во трезорот прв пат се кроистени во 2015 годиан и тоа поради војната во Сирија.

  1. Депозит бункер „US Bullion“

Овој депозитен бункер којс е наоѓа во Корт Кнокс во САД е складиште на илјадници тони злато, како и важни историски документи. Депозитниот бункер е ограден со гранитен ѕид дебел 1,2 метри,а го обезбедуваат наоружаните сили. На смиот влез се наоѓаат врата од 22 тони, а за да се отворат истите потребен е тим од сете увежбани луѓе.

  1. Затворот „Супермакс“

Во овој затвор изграден во Колорадо, САД, сместени се едни од најопасните светски криминалци. Дури и некој да успее да избега надвор од ѕидините, таму првин ќе го пречекаат дресирани кучиња, а потоа и ограда од жилет висока 3,6 метри. Тука исто така се и ласери за детекција на движење, сензори за чекори на тлото, како и стотици надзорни камери.

Кога би дошло до кризна ситуација, затворот е опремен со т.н. „копче з апаника“ на чие притиснување се затвораат и заклучуваат сите врата во затворот.

  1. Тајанствената Област 51

Кога го прочитавте насловот на текстот сигурни сме дека сите првин помисливте на Област 51. Како што веројатно знаете се работи за тајната база на американската војска сместена во пустината Невада. Со децении таму се развиени најнапреди оружја, а теоретичарите на завери одат до таму што тврдат дека Американците соработуваат со вонземјани во оваа база.

Над територијата на оваа област т.е. база забранет е воздушниот сообраќајн, а доколку се обидете да ис е приближите, ќе бидете многу бргу вратени, а ако се противите на тоа американската војска има право да ве убие на лице место без да сноси никаква одговорност.

  1. Федерални резерви, Банка на Њујорк

На прво место на листата наобезбедувани места на земјата најочекува се наоѓаат Федералните ерзерви на Соединетите Американски Држави. Се работи за централен банкарски систем чиј трезот се наоѓа 24 метри под површината на Менхетен.

Во него се наоѓаат најголемите светски залихи на злато чија вредност според некои проценки изнесува 203 милијарди американски долари.

На нејзиниот влез се наоѓаат врата тешки 90 тони, што е сосма доволно за да било кој криминалец се откаже од било каков вид на провала.