Како изгледа животот во најсуровиот затвор во светот? (видео)

Сподели со своите пријатели

Приказната која следува не е ниту малку пријатна иако станува збор за најголемите и најлоши престапници.

Затворениците во овој суров затвор со помош на прокриумчарени мобилни телефони на социјалните мрежи поставувале шокантни фотографии, открива „Дејли Стар“.

На застрашувачките фотографии може да се видат валкани ќелии, отворено користење на дрога и тепачки.

Затворениците редовно учесвуваат во насилни бокс мечеви и тепачки чисто за да им помине времето. На една фотографија човекот покажува лузни на грбот откако чуварите го претепале.

Десетина затвореници делат иста ќелија со големина од 20 метри квадратни во која нема техничка вода, а како тоалет им служи дупка во подот, а истата ја користат и за туширање и миење садови.

Овој затвор е изграден во 1958 година од кога е запушен од страна на Никарагуанскиот корумпиран правосуден систем.

За да бидат документирани застрашувачките услови, сестра на еден од затворениците направила страница на социјалните мрежи на која има значителен број лајкови.

Џејсон Пуракал во затворот е под птужби за трговиај со дрога и перење пари. Неговото семејство тврди дека му е скратена храната, водата и право на адвокат, како и дека го тепаат и му ја скратуваат медицинската помош.

Вејн Куперман е обвинет за сексуално вознемирување во 2013 година. Тој ќелијата ја дели со 11 затвореници и спие на бетонски под. Ова сознание предизвикало запрепастување и осуда кај корисниците на социјалните мрежи.