Димитриевски: Што се разговараше на средбата во Албанија?

Сподели со своите пријатели

Во однос на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети кадешто вели дека без Албанците, без ДУИ Македонија нема да постои, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Утрински брифинг“ потенцираше дека Македонија ќе постои и дефакто Албанците се составен дел на оваа држава и ние мораме да креираме и креираме заедничка иднина.

Loading...

„Но, оваа држава сигурно нема да постои доколку Али Ахмети и дел од власта околу него во ДУИ остане на позицијата таму кадешто е, бидејќи тие всушност го користат Македонскиот блок и се раскусуруваат со него, а всушност ја тераат својата агенда. На што личеше она седење во Албанија, кадешто всушност премиер на страна држава ви повикува лидери на политички партии. Да, тоа е убаво, но, доколку таму седеше и Македонскиот амбасадор во Албанија којшто ќе беше удостоен да го слушне разговорот. Што всушност таму се разговараше? Македонија не може повеќе да дозволи да биде уценувана, бидејќи во Македонија се родија нови генерации на луѓе коишто не постапуваат како оние генерации на политичари кои постапуваа во минатото. Македонија повеќе нема простор за отстапки, затоа што ние сме земја членка на НАТО, кадешто се членува согласно одредени стандарди и дополнително веќе созреана држава која мора да изнајде созреана политичка елита“, посочи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР со апел до матурантите (ВИДЕО)