Населението на Кина е во опаѓање за прв пат по повеќе од 60 години

Сподели со своите пријатели

Населението на Кина се намалило минатата година за прв пат од 1961 година, соопшти Националното биро за статистика.

Loading...

Населението на Кина, без странците, се намалило за 850.000 луѓе во 2022 година на 1,41 милијарда, соопшти бирото, а пренесува CNBS.

Кина објави 9,56 милиони раѓања и 10,41 милиони смртни случаи минатата година.

Стапката на наталитет беше 6,77 родени на 1.000 луѓе, што е намалување од 7,52 во 2021 година и најниска стапка на наталитет досега.

Дополнително, забележана е највисоката стапка на смртност од 1976 година – 7,37 смртни случаи на 1.000 луѓе во споредба со 7,18 во 2021 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Десетици илјади потрошувачи ја тужат Philips

Индија е на пат да ја престигне Кина како најнаселена нација во светот, пишува Гардијан.

На социјалните мрежи, некои Кинези не беа изненадени од објавата, велејќи дека општествените притисоци кои го поттикнаа нискиот наталитет остануваат.

„Цените на становите, социјалната помош, образованието, здравствената заштита – причините зошто луѓето не можат да си дозволат деца“, вели еден корисник на Веибо.

Loading...