Поранешна млекарница во кумановското село Романовце вчеравечер изгорела во пожар.
Loading...
– На 15.01.2023 во 19.05 часот било пријавено дека во с.Романовце, кумановско, настанал пожар во објект од поранешна млекарница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.
Никола Ивановски