Кумановка приведена поради кражба

Сподели со своите пријатели

Кумановка рано утринава била приведена од полицијата под сомнение дека извршила кривично дело „кражба“.

Loading...

– На 16.01.2022 во 01.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово од слобода е лишена Е.П. од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, кај неа се пронајдени и одземени лична карта и две платежни картички сопственост на друго лице.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  29-годишен кумановец викендов приведен поради возење под дејство на алкохол