Експлозија во кинеска рафинерија. Двајца загинати, десетици повредени, 12 исчезнати

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати по експлозија во рафинерија и хемиска фабрика во североисточна Кина, јави државната телевизија на земјата.

Loading...

Експлозијата во објектот на хемиската компанија Панџин Хаоје се случи во неделата, во 15 часот и 13 минути по локално време, за време на поправки на делот каде што се одвива процесот на алкилација, од кој се добива најквалитетен бензин од нафта.

Панџин Хаоје е независна рафинерија и производител на хемикалии со седиште во градот Панџин, провинцијата Лиаонинг.

Според известувањето на телевизијата, уште триесетина лица се полесно повредени, а пожарот е ставен под контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политичар во Јужна Кореја е осуден поради лажење