Активистите велат дека над 500 луѓе загинале во демонстрациите во Иран

Сподели со своите пријатели

Најмалку 522 лица загинале за време на четиримесечните антивладини демонстрации во Иран, според извештајот објавен од американската агенција за човекови права (ХРАНА).

Loading...

Меѓу загинатите има 70 малолетници и 68 припадници на безбедносните сили, јавува Радио Слободна Европа.

Околу 20.000 луѓе се уапсени, а 110 се соочуваат со обвиненија кои би можеле да доведат до смртна казна. Четири лица се веќе егзекутирани.

Демонстрациите во Иран ги поттикна смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од моралната полиција затоа што косата и висеше под шамијата, која е задолжителна во Иран.

Махса Амини почина на 16 септември 2022 година, три дена по нејзиното апсење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Го изградивме Панамскиот канал, а сега плаќаме високи такси за минување

Оттогаш, демонстрациите ескалираа во повици за соборување на иранските верски власти и претставуваат еден од најсериозните предизвици за нив од „Исламската револуција“ во 1979 година.