Кумановка ограбила сограѓанин во аптека

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишна кумановка е приведена под сомнение дека ограбила сограѓанин во аптека.

Loading...

– На 13.01.2023 во 11.45 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.И.Д.(36) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, таа се сомничи дека на 12.01.2023 околу 08.30 часот во аптека на ул.„11 Октомври“ од лицето Г.М.(38) од Куманово одзела мобилен телефон и платежна картичка.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе стане ли кумановец градоначалник на Цирих?

Никола Ивановски