Околу десет документи пронајдени во канцеларијата на Бајден биле доверливи

Сподели со своите пријатели

Околу 10 доверливи документи, кои беа откриени во една невладина организација во Вашингтон во канцеларија што порано ја користеше сегашниот американски претседател Џозеф Бајден, вклучуваат строго тајни материјали, според службеник за спроведување на законот запознаен со истрагата, пренесува CBS News.

Loading...

Строго доверливо е највисокото од трите основни нивоа на тајност: доверливо, тајно и строго доверливо, а протекувањето на строго доверливи информации може да предизвика „исклучително голема штета“, објасни овој функционер за американската телевизија.

Помалку од 10 доверливи документи биле пронајдени во резиденцијата на Бајден во Вилмингтон, Делавер, а ниту еден не бил класифициран како строго доверлив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Закерберг: Администрацијата на Бајден нѐ притискаше да ја отстраниме содржина за нуспојавите од вакцината

Според овој извор, вкупниот број на пронајдени доверливи документи е приближно 20, на две локации.

Американскиот претседател Џозеф Бајден не знаел дека доверливите документи од неговите потпретседателски денови се наоѓаат во канцеларијата на неговиот поранешен институт во Вашингтон или во неговиот дом во Вилмингтон, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Бајден не знаел што има во тие доверливи документи, соопшти Белата куќа, откако Мерик Гарланд, државен обвинител на САД, го објави назначувањето на специјален обвинител кој ќе го испита ракувањето на Бајден со доверливите владини документи.

Гарланд најави дека истрагата ќе ја води Роберт Хур, поранешен обвинител во американската сојузна држава Мериленд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калифорнија прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради шумските пожари

Претходно, претседателот Бајден потврди дека во неговиот дом во државата Делавер се пронајдени повеќе доверливи документи.

Loading...