Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со повеќе облачност во источните делови.
Утринава е умерено до значително облачно со слаб ветер од северен и североисточен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец.
Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до осмиот степен.
Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, односно северозапад.
Температурата ќе биде во интервал од -1 степен во утринските часови до максимални шест во текот на денот.
Недела носи преодно разведрување. Ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен во негатива, а дневниот максимум се очекува да достигне до 9 степени целзиусови.
Во текот на следната работна недела ќе имаме влажен бран кој ќе донесе повеќедневни врнежи од дожд и снег.
Никола Ивановски