Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните на Република Македонија дека од денеска е објавен новиот оглас за професионални војници во Армијата на Република Македонија.
Селекцијата ќе се врши преку општообразовен и психолошки тест, проверка на физичката способност и здравствени прегледи. Армијата ќе ги ангажира најдобрите кандидати за професионални војници, велат од одбраната.
Ги повикуваме сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат кон безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници кој е објавен во дневните весници во Република Македонија и на веб – страницата на Министерството за одбрана,www.morm.gov.mk, велат од Министерството за одбрана.
Минатата година се заокружи процесот на прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.